Холандски брод потона денеска во Северното Море во близина на Данска по судир со друг брод, соопшти данската морнарица, наведувајќи дека нема жртви.
Седум членови на екипажот на бродот „Хелге“ скокнале во морето и биле спасени со хеликоптер.
Не се познати деталите за судирот на бродот „Хелге“ долг 89 метри и поголемиот брод „Дивиот Космос“, кој плови под бахамското знаме.
Судирот бил на 37 километри од западниот брег на полуостровот Јитланд.
Нема извештаи за штета на поголемиот брод.
Данската морнарица испрати неколку бродови и два хеликоптера на местото на настанот. Спасените членови на екипажот на холандскиот брод се префрлени во болница.
Извор: МИА