Холандија се договори со властите на „ДНР“за добивање на остатоците од урнатиот авион кај Доњецк

Од:

Властите на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ се договорја со Холандија во градот Харков да се префрлат остатоците од малезискиот патнички авион, што во јули се урна во близина на Доњецк, пренесе ТАСС, цитирајќи го портпаролот на Министерството за транспор на самонаречената република.

Посредник во преговорите била Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Во преговорите учествувале уште и холандски експерти и претставници на три министерства на „ДНР“.

За денеска е планирано пренесувањето на остатоците од авионот.

Министерството за внатрешни работи на „ДНР“ ќе се грижи за безбедноста при превозот на товарот, Министерството за вонредни ситуации ќе спроведе активности за деминирање на територијата каде се наоѓаат остатоците, а
Министерството за транспорт ќе обезбеди пет вагона за целта, од кои еден ќе биде покриен.

Остатоците на вагоните ќе ги натоварат самите Холанѓани, кои веќе пристигнаа на местото на несреќата. Тие товарот ќе го следат и до Харков.

Претходно денеска холандските иследници и набљудувачите на ОБСЕ пристигнаа на местото на несреќата заедно со претставници на локалните власти. Тие ги истражуваа остатоците и во специјални црни полиетиленски вреќи спакуваа некои материјали најдени на местото.

Експертите, иследниците и локалните спасувачи одбија да ја коментираат акцијата за локалните медиуми.

Остатоците од авионот ќе бидат транспортирани за Холандија по наредба  на холандската Служба за безбедност, која ја води истрагата за несреќата.

Најчесто споменуваната теза за трагедијата со авионот е дека тој бил соборен од ракета, истрелана од територијата на овој регион, во кој се водеа борби меѓу владините сили и проруските сепаратисти.

Киев и Запад за несреќата ги обвинија проруските сепаратисти, додека Москва прстот го насочи кон Киев, потстеуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација