Хокинг: За опстанок на човештвото е потребна нова планета

Од:

Познатиот астрофизичар Стивен Хокинг (71) предупреди за важноста за продолжувањето со истражување на вселената.

Предупредувајќи дека човечкиот род нема да може да преживее подолго од 1.000 години доколку не пронајде нова планета погодна за живот, Хокинг рече дека задача на науката е да ги открие тајните на функционирање на вселената и дека тогаш ќе биде можно да се пронајде и начин за нејзино контролирање.

Хокинг во студентските денови на Кембриџ се разболе од амиотрофична латерална склероза (ALS). Станува збор за опасна болест, а само неколкумина живееле подолго од 10 години откако се разболеле.

„Колку и да е тежок животот, секогаш постои начин да се направи нешто”, рече Хокинг на прашањето од новинарите за здравствените проблеми.

Делото на Хокинг “Кратка историја на времето” е продадено во повеќе од десет милиони примероци ширум светот.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата