Ходорковски: Само револуција ќе го симне Путин од власта

Од:

Само револуција ќе го собори Владимир Путин од власта, изјави денеска Михаил Ходорковски, некогаш најбогатиот човек во Русија, пред да падне во немилоста на Кремљ, додавајќи дека очекува рускиот претседател да продолжи да ги задушува протестите во земјата по инвазијата на Украина.

Ходорковски, кој стана еден од најмоќните руски олигарси за време на претседателот Борис Елцин, во 1990-тите, изјави дека се сомнева дека рускиот народ ја поддржува инвазијата.

-Јас сум во целосен шок поради тоа што се случи, изјави Ходорковски преку видео врска, а на моменти изгледаше дека се наоѓа на работ да заплаче.

Додека зборуваше, руски ракети паѓаа врз украинските градови, вклучувајќи го и главниот град Киев, каде луѓето се кријат во засолништа од руската офанзива.

Педесет и осумгодишниот Ходорковски кажа дека Путин сака да ја окупира Украина, да ја уништи нејзината одбрана и да формира „марионетска влада“ во Киев.

Тој додаде дека Западот треба да и помогне на Украина со вооружување на нејзиното население, бидејќи во спротивно би се соочила со долготрајна и можеби крвава окупација.

-Соборувањето на режимот на Путин не може да се постигне со демократски мерки. Промената може да дојде само со револуција – или револуција одозгора или револуција одоздола, рече Ходорковски, додавајќи дека тоа е можно и како резултат на воен пораз или смрт на Путин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17