Хјуман рајтс воч: Израел намерно ги изгладнува луѓето во Газа

Од:

ХЈуман Рајтс Воч (ХРВ), група за човекови права со седиште во САД, го обвини Израел дека се обидува да ги изгладне Палестинците во Газа во неговата војна против Хамас, обвинување што Израел вели дека доаѓа од антисемитска група која не заслужува никаков одговор. ХРВ тврди дека израелските сили намерно го блокираат снабдувањето со вода, храна и гориво, уништувајќи земјоделски површини и лишувајќи 2,3 милиони луѓе од средствата за преживување.

„Израелската влада го користи гладувањето на цивилите како метод на војување во Појасот Газа. Светските лидери треба да се изјаснат за ова тешко воено злосторство“, соопшти ХРВ. Израел рече дека ХРВ е „антисемитска и антиизраелска“ група која нема морално право да го критикува Израел по неговиот „молк“ за масакрот на израелските цивили на 7 октомври. „Целата нивна агенда е антиизраелска и не заслужува одговор“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Лиор Хајат.

Израел силно го отфрла намерното таргетирање на цивили и тврди дека загубата на палестински цивилни животи е единствена вина на Хамас, кој се крие и работи во населени области. Израел посочува дека се обидува да ја олесни испораката на помош до невините, но и да спречи помошта да заврши во рацете на борците на Хамас кои оперираат од подземни тунели.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе продолжи со воените операции до „апсолутна победа“, и покрај странскиот притисок да се намали интензитетот на борбите во Газа. Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас тврди дека досега во енклавата животот го загубиле 19.000 луѓе. Израел е решен да ги елиминира терористите на Хамас одговорни за масакрот на 1.200 цивили во кибуци и музички фестивал и киднапирањето на 240 луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“