„Хјуман Рајтс Воч“ бара лидерство од Самитот на ЕУ за миграцијата

Од:

Невладината организација за заштита на човековите права „Хјуман Рајтс Воч“ (ХРВ) побара на претстојниот Самит на шефовите на држави или влади на ЕУ да биде покажано лидерство за миграциските прашања.

– Неуспехот на владите во ЕУ да развијат ефективна политика за миграција заснована на правата, предизвкува реално страдање и поттикнува чувство на политичка криза околу миграцијата, соопшти денеска ХРВ.

Организацијата го критикува фактот дека земјите на ЕУ успеваат да се сложат само кога треба миграциските прашања да се решаваат надвор од границите на ЕУ.

ХРВ посочува дека миграциската политика во ЕУ треба целосно да се реобмисли.

– ЕУ ги отежнува условите за барање азил во Европа, создавајќи непријателски амбиент за мигрантите и барателите на азил и го загрозува интегритетот на меѓународниот бегалски систем, се наведува во соопштението.

Организацијата смета дека инцидентот со бродот „Аквариус“ ја докажал потребата за „фер и предвидлив“ систем на поделба на одговорноста помеѓу земјите членки, нешто што ЕУ не успеа да го стори од почетокот на бегалската криза во 2015, па се до денес.

Даблинската реформа на ЕУ пропадна на почетокот на јули, а лидерите треба да се состанат во текот на следната недела да преговараат за овој горлив проблем.

ХРВ бара од лидерите на Самитот на ЕУ да се фокусираат на намалување на ризиците за мигрантите и на напорите за спасување животи во Медитеранот преку легални и безбедни канали, додека враќањето на мигрантите кои не исполнуваат услови за азил треба да биде сторено во духот на почитување на нивните човекови права.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина