Хилари Клинтон како размазена рок ѕвезда

Од:

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон се однесува како рок-ѕвезда, условувајќи ги своите предавања со специфични барања, објави Вашингтон пост.

Клинтон која веќе се споменува како демократски кандидат за претседател на изборите во 2016 година, за предавањето што минатиот март го имала на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес (UCLA) не само што барала туку и добила 240.000 долари и поставила детално наведени барања.

Од мејловите на нејзиниот штаб и универзитетот до кои дошле од весникот, се вели дека 67-годишната политичарка инсистирала да и се обезбеди компјутер и скенер, а од храна – хумус, морски плодови, сецкано овошје и Канада драј без шеќер.

Дури и подиумот каде требало да се обрати бил изменет во последен час. Екипата на поранешната прва дама на САД барала посебна боја и стил на фотелји, со нагласок на перничињата кои морале да бидат четвртасти и цврсти за да „пропаѓа“ Клинтон. проблем било и доделувањето на медалите – требало да се дадат во кутии, а не околу врат.

И, сето тоа за половина час говор, наведува Вашингтон пост споредувајќи ја Хилари Клинтон со каприциозна холивудска ѕвезда.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени