Хил Пинто: Наградата од САД за апсењето на Мадуро е фарса и одвлекување на вниманието од домашните проблеми

Од:

Најавата на американскиот државен обвинител Пам Бонди за награда од 50 милиони долари за информации што ќе му помогнат на Вашингтон да го уапси венецуелскиот претседател Николас Мадуро е всушност „циркуска претстава и очаен обид“ да се одвлече вниманието од домашните проблеми, изјави венецуелскиот министер за надворешни работи Иван Гил Пинто.

– „Патетичната „награда“ на Памела Бонди е најсмешната димна завеса што некогаш сме ја виделе. Додека ги разоткриваме терористичките заговори што се организираат од нејзината земја, оваа дама создава медиумски циркус за да ја задоволи поразената венецуелска крајна десница, напиша Гил Пинто на својот канал на Телеграм.

Според венецуелскиот министер, кој остро ја отфрли политичката пропаганда од Вашингтон, „шоуто“ на Памела Бонди е „фарса и очаен обид да се одвлече вниманието од сопствените проблеми“, објави РИА Новости.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп објави голем нафтен договор со Венецуела

Постигнат договор: Венецуела ќе врати 31 тон златни резерви

Црн биланс во Венецуела: Над 6.000 загинати, десетици илјади се повредени

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 5.069

Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела се искачи на 4.829

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати

А1он