„Хил“: ФБИ открило врски меѓу Клинтон и руски нуклеарни компании

Од:

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) во 2009 година открило милионски трансфери на пари од компанија поврзана со руската нуклеарна индустрија кон фирма што соработувала со хуманитарната фондација на поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, објави денеска американскиот весник „Хил“.

Семејството Клинтон и претходно беше обвинувано дека добило финансиска компензација од руски извори во времето кога Хилари Клинтон беше државен секретар на САД, односно кога можела да влијае врз продажбата на ураниумски рудници во САД на државна руска компанија.

Американскиот претседател Доналд Трамп повеќе пати ја обвинуваше Хилари Клинтон за овој случај и бараше таа да биде уапсена.

Според сторијата на „Хил“, ФБИ извршил опсежна истрага при што било утврдено дека милиони долари биле насочени кон неименувана компанија која соработува со фондацијата на Клинтон. Паралелно со исплатите, во 2009 година руската државна компанија „Росатом“ купи 16,6 проценти од канадската компанија „Ураниум 1“, која има рудници во САД. Во 2013 година „Росатом“ во целост ја купи компанијата „Ураниум 1“ и со тоа презема значителен дел од американското производство на нуклеарно гориво.

Овие зделки морале да бидат одобрени од американскиот Стејт Департмент, а како државен секретар до 2012 година Хилари Клинтон не смеела да прима финансиска надомест од компании чии бизнис интереси зависат од одобрување на Стејт департментот.

„Ураниум 1“ воедно го ангажирала и Тони Подеста, брат на советникот на Хилари Клинтон, Џон Подеста, кој беше најавуван како иден државен секретар на САД, доколку таа победи на претседателските избори во 2016 година.

Репортажата на „Хил“ доаѓа во време кога Хилари Клинтон и Демократската партија го обвинуваат Трамп за наводна поврзаност со руски бизнисмени и разузнавачки служби.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени