Хенри Кисинџер – воен криминалец или надворешнополитички мудрец

Од:

ДПА – Хамбург

Американските сенатори очекуваа мудри совети од Хенри Кисинџер за надворешната политика, но протести го прекинаа заседанието на Сенатот и се бараше поранешниот државен секретар на САД да биде уапсен за воени злосторства.

Кисинџер (кој има 91 година) и поранешните државни секретари Џорџ Шулц (94 години) и Медлин Олбрајт (на 77 години) зборуваа во Сенатската комисија за вооружените сили за глобалните закани и националната стратегија за безбедност. Претседателот на комисијата Џон Мекејн, кој е жесток критичар на надворешната политика на претседателот Барак Обама, овој месец е домаќин на серија сослушувања за пошироко рагледување на политиката на админстрацијата која тој ја смета за „реактивна“. Демонстрантите од антивоената организација Розов код го прекинаа неодамнешното заседание на сенатската комисија и носеа плакати со кој Кисинџер беше истакнуван како воен злосторник, додека скандираа „Уапсете го Хенри Кисинџер за воени злосторства!“

Мекејн ги нареше демонстрантите „отпад“ и нареди да бидат изведени надвор од полицијата.

– Повеќе години сум член на оваа комисија и никогаш досега не сум видел нешто толку одвратно и матно како овие протести, изјави тој.

Откако Кисинџер почна да зборува, демонстрантите повторно се огласија и ја насочија неговата улога во виетнамската војна како советник на прашања за националната безбедност на претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд, помеѓу 1973 и 1977 година. Тие исто ја спомнуваа и неговата ролја за мешањето на САД во Чиле и нивната подршка за превратот во 1973 година.

Шулц, кој беше советник на Роналд Реган, стана да го заштити Кисинџер предизвикувајќи овации од законодавците и публиката додека полицијата ги изведуваше протестантите.

Државниците ветерани предупредија дека САД не треба да се повлекуваат од меѓународната сцена и покрај уморот од годините војни од кои „американскиот народ можеби е уморен, но ние треба да избегнеме уште една опасност која не демне во новата епоха – искушението на кое треба да одлоееме“, рече Олбрајт која беше државен секретар во владата на Клинтон во 90-ите години.

– Ние сме не само единствената земја со капацитет и воља да води, но и со идеалите да водиме во насока кон која поголемиот дел од светот претпочита да врви – кон слобода, праведност, мир и економски можности за сите“, потцрта тој.

Кисинџер предупреди дека предизвиците пред кои САД се исправени се најразновидни по Втората светска  војна откривајќи ја битката против Исламска држава, руското мешање во Украина и против атомската програма на Иран.

Денешниот свет е многу посложен во споредба со Студената војна, која ги спротивстави САД и Советскиот сојуз, напомена тој, наведувајќи го примерот со „Блискиот исток каде се се промени“ и каде најнепосредните предизвици е да биде спречена исламска држава.

– Не треба да дозволиме тоа да прерасне во уште една војна за која не знаеме како ќе заврши, предупреди тој. „Има повеќе долгорочни проблеми… А предизивиците пред земјата не ни е да менуваме регион по регион, туку да се разберат нештата кои треба да се направат и да ги оделиме од оние кое најверокатно не можат да се направат“.

Црпејќи од обидите во својата долга кариера, Кисинџер посочи на поуките за САД од влегувањето во војни по Втората светска војна.

– Ги започнавме со голем ентузијазам и потоа се соочивме со големи проблеми за да ги окончаме, напомна тој.

Во Авганистан и Ирак, стратегијата ни се насочи само кон повлекување. „Во иднина тоа треба да го избегнуваме“ рече тој.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени