Мисијата на ОН во Јужен Судан соопшти дека еден од нејзините хеликоптери се урнал, а според претставник на светската организација веројатно бил соборен.
Организацијата потврди дека товарен хеликоптер Ми-18 се урнал денеска во близина на градот Бентив и постои голема загриженост за судбината на екипажот.
На местото на несреќата веднаш биле испратени спасувачки и истражни екипи.
Претставник на ОН изјавил дека врската со леталото била загубена во попладневните часови и веројатно тој бил соборен.