Хејг: Напуштањето на ЕУ може да предизвика распад на Велика Британија

Од:

Поранешниот британски министер за надворешни работи Вилјам Хејг изјави дека напуштањето на ЕУ, може лесно да предизвика распад на Велика Британија.

Во авторски напис во проконзервативниот „Дејли Телеграф“, Хејг открива дека на референдумот, што најверојатно ќе се одржи следната, а не во 2017 година како што тоа првично се веруваше, ќе гласа против истапувањето на Велика Британија од ЕУ.

Хејг верува дека гласањето за напуштање на ЕУ, ќе им даде шанса на шкотските националисти одново да ја отворат јавната дебата за независност на Шкотска.

– Резултат од тоа ќе биде покренување нов референдум за отцепување, на кој реално е да се очекува дека ќе се изгласа напуштање на Обединетото Кралство, вели поранешниот шеф на британската дипломатија.

Според Хејг, британското напуштање на ЕУ ќе предизвика и ослабнување на Унијата, која во тој случај би останала без една „респекабилна воена сила“. Тој затоа смета дека „не е ниту малку паметно“ да се предизвика растурање на Велика Британија и ослабување на ЕУ.

Хејг потврдува дека е долгогодишен критичар на Унијата, онака како е уредена, но дека на референдумот во Велика Британија нема да им се приклучи на партиските евроскептици, кои најавуваат дека ќе гласааат за излегување од ЕУ.

Евроскептичните и антиевропските ториевци ја критикуваат ваквата позиција на Хејг, оценувајќи ја како погрешна и тврдејќи дека во Даунинг стрит 10 веќе се прави терен за останување на Велика Британија во Унијата.

Вилијам Хејг, кој сега е член на Горнипт дом на Парламентот и има титула лорд, е познат како евроскпетик во Конзервативната партија. Тој е поранешен лидер на конзервативците, кој се повлече од функцијата во 2001 година по поразот на изборите од лабуристите на Тони Блер. Во текот на тогашната кампања, Хејг остро се противеше на замена на фунтата со евро.

Против излегувањето од ЕУ пред Хејг се изјасни и поранешниот премиер и лидер на конзервативците Џон Мејџор.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна