Хатами: Ракетните проби се нормални воени активности

Од:

Иранскиот министер за одбрана Амир Хатами изјави денеска дека е „нормално“ неговата земја да тестира ракети во рамки на своите воени активности.

Бригадниот генерал Хатами не ја потврди експлицитно ракетната проба, но неговата изјава е дадена откако Вашингтон соопшти дека Техеран минатата недела тестирал ракета со среден дострел.

Американски воен претставник изјави минатата недела дека Иран лансирал балистичка ракета со среден дострел, која патувала околу 1.000 километри, додавајќи дека пробата не претставува никаква закана за американскиот персонал, ниту, пак, за морските рути во регионот.

Иранскиот министер објасни дека истражувачките програми на оружените сили се плански и се спроведуваат секоја година, вклучувајќи ги и ракетните проби.

Иран во саботата соопшти дека ракетните проби се дел од неговите одбранбени потреби и тие не се насочени против некоја друга земја, но не го потврди најновото тестирање за кое информираа САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година ги повлече САД од нуклеарниот договор на Иран со светските сили од 2015 година, тврдејќи дека сака поширок договор, кој не треба само да ги лимитира иранските нуклеарни активности, туку и да ја ограничува неговата програма за балистички ракети и да ја осуети иранската поддршка на сојузничките сили во Сирија, Ирак, Јемен и Либан. Трамп во мај ги заостри санкциите против Иран, прекинувајќи го неговиот извоз на нафта.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел