Хасан Рохани победи на претседателските избори во Иран

Од:

Актуелниот ирански претседател Хасан Рохани победи на вчерашните претседателски избори во Иран, соопшти препладнево Министерството за внатрешни работи во Техеран.

Како што јави ДПА, според неофицијалните конечни резулатити од изборите, 68-годишниот Рохани од умерената исламиска Партија на умереноста и развојот (ХЕТ) освоил 56,88 проценти од гласовите, со што извојува победа уште во првиот круг.

На второто место се пласира Ебрахим Раиси од конзервативната исламистичка Асоцијација на борбените проповедници (ЈРМ) со 38,55 отсто од гласовите, пред Мустафа Мир-Салим од екстремната исламиситчката Партија на исламската коалиција (ХМЕ) со 1,13 проценти и Мостафа Хашемитаба од реформистичката Партија на експертите за изградба на Иран (ХКСИ) со 0,52 отсто од гласовите.

Според податоците на Централната изборна комисија, на вчерашните избори имало и 2,90 отсто неважечки ливчиња.

Изборите беа оценети како референдум за политиката на Рохани за отворање на Иран кон Западот и за договорот што тој го постигна со светските сили за иранската нуклеарна програма.

Уште пред објавувањето на првичните резултати од изборите, претставник на конзервативните исламисти ја призна победата на Рохани, нагласувајќи дека резиборот на актуелниот претседател е „практично сигурен“.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел