Хасан Рохани: Израел претставува опасност за Блискиот Исток

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Израел претставува „најголемата опасност“ за регионот на Блискиот Исток.

Изјавата на Рохани доаѓа по излагањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху во американскиот Конгрес, во кое тој остро се спротивстави на постигнувањето спогодба за иранската нуклеарна програма.

Во говорот во Капитол во Вашингтон, Нетанијаху рече дека договорот што американскиот претседател Барак Обама сака да го поситгне со Техеран е „многу лош“ затоа што со него се прави пат за проиводство на иранска атомска бомба.

Според израелскиот премиер, тоа ќе предизвика „трка во нуклеарното оворужување во најопасниот дел од планетата“.

Официјален Техеран, меѓутоа, тврди дека токму Израел е најголемата опасност, иако зборува за мир.

Иран и групата „пет плус еден“ што ја сочинуваат петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија, во ноември минатата година се договори да постигнат првична спогодба за иранската нуклеарна програма до крајот на март годинава, како и нејзина финална верзија најдоцна до 1 јули.

Техеран сега сака да биде постигната спогодба со која би се опфатиле како политичките рамки, така и техничките детали.

– Целиот свет ги поддржува преговорите на Иран со групата „пет плус еден“ и нивниот натамошен напредок, освен овој окупаторски режим, кој се противи на овие разговори, рече претседателот на Иран, Хасан Рохани.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел