Харви Вајнстин прогласен за виновен и на второто судење за силување

Од:

Врховниот суд во Лос Анџелес во понеделникот го прогласи филмскиот продуцент Харви Вајнстин за виновен за силување, што е втора пресуда за поранешниот моќен холивудски продуцент, објави Ројтерс.

Поротата, исто така, го прогласи Вајнштајн за виновен за силување и сексуална пенетрација со туѓ предмет во кој е вклучена жена. Таа, сепак, го ослободи од обвиненијата поврзани со втората наводна жртва, а не можеше да се произнесе по уште две обвиненија.

70-годишниот Вајнстин веќе отслужува 23-годишна затворска казна откако беше осуден за сексуален напад во Њујорк.

Тој се соочи со седум обвиненија во Лос Анџелес за силување и сексуален напад на четири жени во периодот од 2004 до 2013 година.

Би можело да ве интересира

Харви Вајнстин има леукемија

Документи за Епстин: „Принцот Ендру добиваше секојдневни масажи“

Осудениот продуцент Харви Вајнстин позитивен на коронавирусот

А1он

Една од жртвите на Харви Вајнштајн сведочеше на судењето во Њујорк

Ана Ололовска

Во Њујорк почна судењето на продуцентот Харви Вајнстин

Предраг Петровиќ

Отфрлено едно обвинение против Вајнстин