Харченко за „Вечерње Новости“: Конфликтот во Украина нема да се претвори во трета светска војна

Од:

Рускиот амбасадор во Србија Александар Боцан Харченко изјави дека односот на неговата земја кон Косово нема да се промени, без разлика што Москва го признала суверенитетот на Доњецк и Луганск и оти тоа нема да го бара од Србија.

– Како и за другите прашања, ставот на Русија за Косово е принципиелен, траен и не се менува во зависност од промените на Балканот или пошироко. Таа позиција се заснова на меѓународното право. Ќе продолжиме да работиме заедно за да го решиме косовското прашање, изјави Харченко за „Вечерње новости“.

На прашањето дали Москва ќе побара од Белград да ги признае Доњецк и Луганск, тој одговори – „секако дека не“.

– Тоа се веќе независни држави. Ќе повторам, ние не бараме ништо од Србија, рече Харченко.

Според него, не постои реална опасност конфликтот во Украина да се претвори во трета светска војна.

– Путин е решен, тој веќе рече не се мешајте во овие работи, тој е доста сериозен. И мислам дека овие пораки се примени доста сериозно. За жал, тие не сакаа да сфатат пред 24 февруари, дека постојат црвени линии и оти нашето трпение е исцрпено, рече Харченко.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород