Ханука

Од:


Хистори – Њујорк  

Осумдневниот еврејски празник познат како „Ханука“ или „Канука“ е во спомен на повторното посвететување на вториот храм во Ерусалим во вториот век пред новата ера, кога Евреите се кренале против нивните грчко-сириски тирани во Макавејското востание.

Ханука, што на еврејски јазик значи „посветеност“, почнува на 25 киснев во хебрејскиот календар и вообичаено паѓа во ноември или декември. Често се нарекува „Слава на светлата“ и овој празник се прославува со палење на менората, традиционална храна, игри и подароци.

Историјата на Ханука

Настаните кои се инспирација за прославата на Ханука се случиле во посебно турбулентна фаза во историјата на Евреите. Околу 200 година п.н.е., Јудеа – позната и како „земја израелска“ – паднала под контрола на Антиохиј Трети, селевкидски крал на Сирија, кој им дозволил на Евреите кои живееле таму да продолжат да ја практикуваат својата религија.

Но, неговиот син Антиохиј Четврти Епифанес бил помалку дарежлив. Антички извори наведуваат дека тој ја забранил еврејската религија и им наредил на Евреите да слават грчки богови.

Во 168 година п.н.е. неговите војници тргнале кон Ерусалим и масакрирале илјадници луѓе и го осквернавиле светиот Втор храм во градот, со подигнување на олтар на Зевс и колеле свињи во светите ѕидини.

Предводени од еврејскиот свештеник Мататијас и неговите пет синови, се кренал голем бунт против Антиохиј и монархијата на Селевкидите. Кога Мататијас починал во 166 горина п.н.е., неговиот син Јуда, познат и како Јуда Макавеј („Чеканот“), го презел водството и во следните две години Евреите успешно ги протерале Сиријците од Ерусалем, потпирајќи се воглавно на герилски тактики на војување.

Јуда Макавеј ги повикал неговите следбеници да го исчистат Вториот храм, повторно го изградил олтарот и ги запалил менорите – златните свеќници чии седум гранки ги претставуваат знаењето и создавањето и кои треба да горат секоја вечер.

„Чудото“ на Ханука

Според Талмудот, еден од најсветите текстови во Јудаизмот, Јуда Макавеј и другите Евреи кои учествувале во повторното осветување на на Вториот храм биле сведоци на она што тие верувале дека е чудо.

Иако имало сосема малку маслиново масло за да ги одржува свеќите во менорите да горат цел ден, пламенот продолжил да гори и во следните осум ноќи, што им дали доволно време да најдат ново масло.

Овој чудесен настан ги инспирирал Ецреите да прогласат секоја година осумдневна прослава.

Првата книга на Макавеите од Библијата раскажува друга верзија од истата приказна, во која е опишана осумдневната прослава која следувала по повторното осветување на храмот, но без поврзување со чудото од маслото.

Други интерпретации на приказната за Ханука

Некои современи историчари често радикално различно ја наведуваат приказната за Ханука. Според нив, во Ерусалим во времето Антиохиј Четврти избувнала граѓанска војна помеѓу два еврејски табори: оние кои се асимилирале во доминантната култура околу нив, прифаќајки грчки и сириски обичаи и оние кои биле одлучни да ги наметнат еврејските закони и традиции, дури и на сила.

На крајот победиле традиционалистите од династијата Хасмонејци, предводена од братот на Јуда Макабеј и неговите наследници, со што ја презеле контролата над Јудеа од Селевкидите и управувале со независно еврејско кралство повеќе од еден век.

Еврејските учители исто наведуваат дека првата Ханука можеби била самото славење на Сукот, кои Евреите немале можност да го слават за време на Макавејското востание.
Како еден од најважните празници во еврејската религија, Сукот се состои од седум дена пост, молитви и прослави.

Традициите на Ханука

Прославата на хануках се врти околу горењето на деветкраката менора, познато кај евреите како Ханукија. Во секој од осумте дена за празникот, по залезот на Сонцето се додава уште по една свеќа на менората, а деветтата свеќа, наречена шамаш („помагач“) се користи за да ги осветлува другите.

Евреите вообичаено рецитираат благослови за време на ритуалот и централно ја истакнуваат менората на прозорецот како потсетник за другите чуда кои биле инспирација за празникот.

Во друга алузија на чудото од Ханука, традиционална ханука храна се пржи во масло. Палачинките од компири и крофни полнети со џем се посебно популарни во многу еврејски домаќинства.

Други обичаи за Ханука вклучуваат играње на игра со вртење стапови наречени дрејдели и размена на подароци.

Во последниве децении, посебно во Северна Америка, Ханука прерасна во голем комерцијален феномен, воглавно поради совпаѓањето со Божик.

Од религиска перспектива, сепак тој останува релативно мал празник кога не се прекинува работата, одењето на училиште или други активности.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска