Хан: Почестен сум што ќе го водам проширувањето и соседската политика

Од:

Идниот комесар за преговори за соседска политикаи преговори за проширување, Јоханес Хан, кој од 1-ви ноември треба да го превземе местото на Штефан Филе откако денеска беше предложен од новиот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, истакна дека е почестен што го добил овој ресор.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Хан кој во моментов е еврокомесар за регионална политика, во соопштение до медиумите истакна дека го поздравува силниот тим што го најави новоизбраниот претседател на Еврокомисијата и дека “со нетрпение очекува да работи со новите колеги”.

– Почестен сум и возбуден што претседателот ми го довери ова значајно портфолио за ЕУ кое се состои од доволно одговорности за соседската политика и преговорите за проширувањето. Сега ќе започнам да се подготвувам за моето сослушување во Европскиот парламент и со нетрпение ја очекувам оваа важна размена со европарламентарците – истакна Хан.

Според наследникот на Филе, односите на ЕУ со нејзините соседи на Истокот и Југот се поважни од кога било, како и предизвикувачки и тој со нетрпение очекува да работи тесно со идната Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Федерика Могерини, која како потпретседател на Комисијата ќе биде негов контролор.

– Соседската политика е блиску до моето срце. Тоа е на многу начини природна прогресија од работата што досега ја извршував како комесар за регионална политика. Градењето врски, помагајќи региони да застанат на свои нозе и конкретни акции за доставување и промовирање на безбедност и просперитетот со пренесување на европските вредности се нешто што досега го правев. Со нетрпение очекувам да почнам да работам што е можно поскоро – додава Хан.

Во соопштението на неформалната Влада на ЕУ за изборот на новите комеари и нивните нови портфолија, пак, во однос на “комесарот за соседска политика и преговори за проширување”, Жан-Клод Јункер наведува дека ова портфолио е така именувано поради тоа што нема да има проширување во наредните пет години, но дека е насловено “преговори за проширување” поради тоа што се очекува земјите-кандидати и потенцијални кандидати, меѓу кои е и Република Македонија, да преговарат или да започнат со пристапните преговори и истите да се одвиваат во овој период.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија