Хан: Без прием на нови членки во блиска иднина

Од:

Идниот еврокомесар за проширување и за соседска политика, Австриецот Јоханес Хан нагласи дека во процесот на проширување на Унијата предност пред брзината има квалитетот, така што, како што нагласи, според реалната проценка во блиска иднина нема да бидат примени нови членки.

– Процесот на прием изминатите години покажа дека е потребно солидно дејствување кај проширувањето на ЕУ. Во голема мера важи она што моментно го практикувам со моите региони, квалитетот има предност пред брзината. Потребна е солидна подготовка, изјави тој во интервју за австриската агенција АПА.

Хан истакна дека е неопходно новата членка „да биде примена со радост“ и од страна на европските граѓани и да не биде сфатена како товар.

Според него, неопходно е да се исполнат принципите на владеење на правото и другите важни критериуми.

– Од денешен агол процесот за кандидатите ќе трае уште некое време. Поради тоа е сигурно реална проценката дека во блиска иднина нема да има проширување, нагласи тој.

Хан во врска со украинската криза изјави дека планира да ги држи отворени каналите за разговор и истакна дека целта мора да биде ставање крај на конфликтот и создавање предуслови со цел да се овозможи мирен соживот.

Хан оцени дека надворешната политика е силна област на државите-членки на ЕУ и истакна дека со мошне јасната стратегија, која тој со високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини ќе ја развие следните месеци, треба да биде обезбедено дека иницијативата доаѓа од страна на ЕУ.

Тој не сакаше детално да одговори на прашањето дали во скоро време би можел да добие барање за членство во ЕУ од Шкотска, доколку Шкотите на референдумот на 18 септември изгласаат независност.

– Оставете ги работите да се случуваат. Можеби по викендот тоа ќе биде лански снег, изјави тој, додавајќи дека во политиката не треба премногу да се шпекулира.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија