Хамонд се закани дека ќе ја собори британската Влада доколку Лондон излезе од ЕУ без договор

Од:

Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд, денеска се закани дека е подготвен да гласа и да го собори Борис Џонсон за да го спречи излегувањето на земјата од ЕУ без договор, пишува британскиот весник „Ивнинг Стандард“ (Evening Standard).

-Ќе направам се што можам од својата позиција за да бидам сигурен дека Парламентот нема да го блокира Брегзит без договор, категоричен е министерот.

Запрашан за тоа дали е подготвен да гласа за недоверба против евентуалниот нов премиер, Хамонд изјави дека „во моментот не исклучува ништо“.

Како своевиден лидер на оној дел од Конзервативната партија што се спротивставува на излегувањето од ЕУ без договор, Хамонд уште кажа и дека е „апсолутно неопходно“ Брегзит да се одложи и по 31 октомври.

Според него, парламентот ќе „инсистира да се постигне ново одлагање“ доколку Владата не успее да постигне договор со ЕУ.

„Нужен е нов и искрен обид за постигнување согласност, а во тој дел влегуваат втор референдум и општи избори, доколку тоа се покаже за неопходно“, изјави Хамонд.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он