Хамонд: Можно е постигнување договор за иранската нуклеарна програма

Од:

Договорот меѓу официјален Техеран и шесте светски сили околу иранската нуклеарна програма може да биде постигнат до последниот рок на 24 ноември, изјави денеска шефот на британската дипломатија, Филип Хамонд.

Тој предупреди дека за постигнување договор сепак е потребно властите во Техеран да покажат поголема флексибилност во преговорите.

– Верувам дека може да биде постигнат договор, истакна Хамонд по состанокот со американскиот државен секретар Џон Кери во Лондон.

– Ние, сепак, не сакаме да постигнеме лош договор. Овие преговори се исклучително тешки, а за да оствариме успех потребно е Иран да покаже повеќе флексибилност, нагласи британскиот министер за надворешни работи.

Високи официјални претставници на Иран и шесте светски сили – САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина,  ќе се срeтнат оваа недела во Виена на последната рунда преговори за иранската нуклеарна програма, со цел постигнување договор за прекин на санкциите на Западот кон Иран во замена за ограничување на нуклеарната програма на официјален Техеран.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел