Хамнеи: Замрзнувањето на истражувањата во нуклеарната област неприфатливо за Иран

Од:

Замрзнувањето на истражувањата во нуклеарната област на подолг временски период е неприфатливо за Иран, изјави вчера иранскиот верски врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, јави ТАСС.

Тој говореше синоќа на средбата со претседателот Хасан Рохани и министрите во Владата, посветена на текот на преговорите меѓу Техеран и шестте светски сили за иднината на иранската нуклеарна програма.

Хамнеи нагласи дека сите санкции против Иран треба да бидат укинати веднаш, откако ќе биде потпишана спогодба за нуклеарната програма, а нивното укинување не треба да биде поврзано со инспекциите на Меѓународната атомска агенција (МААЕ).

– Прашањето за давање дозвола на инспекторите за пристап до нашите воени објекти не е предмет на расправа. Тоа прашање за нас е црвената линија, која ние нема да ја поминеме, додаде тој.

Според него САД сакаат целосно да ја рзазурнат нуклеарната индустрија на Иран.

Иран и шесторската се обидуваат да постигнат конечна спогодба за нуклеарните активности на Техеран до 30 јуни.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел