Хамнеи повика на јакнење на оружените сили

Од:

Иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи денеска на својата официјална веб страница повика за јакнење на оружените сили на земјата со цел да се „заплаши“ непријателот, во момент кога се зголемени тензиите со САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп во мај оваа година ги повлече САД од договорот на големите сили со Техеран, со кој е предвидено ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на некои санкции. Тогаш тој нареди повторно воведување санкции против Иран.

– Зајакнете ја својата сила колку повеќе можетем бидејќи вашата сила ќе го заплаши непријателот и ќе го принуди да се повлече, истакна Хамнеи на церемонија на прогласување млади офицери на регуларната иранска армија.

Би можело да ве интересира

Иранската војска ги подготвува ракетните системи со долг дострел по заканите на Трамп

Горан Наумовски

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Иран објави снимка од подземен ракетен град

Закана од Иран: Доколку непријателите згрешат, ќе ги испратиме во длабочините на пеколот

Силен земјотрес го погоди дел од Иран во близина на иранска нуклеарна централа