Хамнеи: Нема гаранции за потпишување на конечниот договор за нуклеарната програма

Од:

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека нема гаранции оти ќе дојде до потпишување на конечниот договор меѓу Иран и меѓународната „шесторка“ околу нуклеарната програма на Техеран.

Во специјална изјава објавена на неговата интернет страница, Хамнеи вели дека е можно „страната на која не треба многу да и се верува (шесторката), сега да сака да го ограничи Иран во делови од спогодбата“.

– Никогаш не бев оптимист околу прегворите со Америка. Иако не бев оптимист, се согласив со нив и ги подржувам преговорите, пишува Хамнеи во своето соопштение.

Предупредувањето од врховниот лидер доаѓа непосредно по изјавата на иранскиот претседател Хасан Рухани за тоа дека „нема да има конечен договор“, доколку уште првиот ден од почнувањето на примената на неговите одредби не бидат укинати меѓународните санкции.

Ваквите изјави од Техеран доаѓаат по неколкуте коментари во западната политичка јавност дека укинувањето на санкциите ќе биде поврзано со тоа како Иран ќе соработува во врска со примената на спогодбата.

Во понеделникот неколкумина американски политички функционери најавија дека санкциите кон Иран ќе се укинуваат во фази.

– Никогаш не беше американска позиција сите санкции да се укинат уште првиот првиот ден. изјави во Вашингтон портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Спогодбата меѓу „шесторката“ (САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција и Германија) со Иран, постигната во Лозана минатиот четврток беше бурно поздравена меѓу Иранците, посебно меѓу помладите, но и осудена од прврзаниците на „тврдата линија“ кон Западот.

За нив спогодбата е неправедна, затоа што Иран има дадено премногу за да добие мошне малку.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел