Хамнеи: Нема да преговараме оти тоа ќе биде искористено во пропагандни цели

Од:

Иран нема да преговара со САД бидејќи Америка тоа ќе го искористи во пропагандни цели, изјави денеска иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп претходно соопшти дека е подготвена да преговара со Иран „без никакви предуслови“, но оти ќе продолжи со кампањата на притисок врз Техеран.

Хамнеи во телевизиското обраќење по повод Курбан бајрам изјави дека Трамп би имал корист од преговорите и го обвини американсиот претседател дека сака „преговорите да ги искористи за пропаганда, како преговорите со Северна Кореја“.

Тој наведе дека САД сакаат Иран да се откаже од својата нуклеарна програма, одбранбените објекти и регионалните власти на преговарачката маса.

– Санкциите на САД се злосторство против Иран. Санкциите се очигледно против иранскиот владејачки систем, но, всушност се против иранскито народ, истакна ајатолахот Хамнеи.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел