Хамнеи: Арогантните сили не успеаја да го фрлат Иран на колена

Од:

На налогот на Твитер, кој според иранските експерти и припаѓа на канцеларијата на врховниот ирански верски лидер, ајатолахот Хамнеи денеска е напишано дека „арогантните сили“ се обиделе да го фрлат Иран на колена, но тоа не им пошло од рака.

Во коментарот на англиски јазик, кој се однесува на неуспехот на Иран и шесте светски сили да стави крај на спорот околу иранските нуклеарни цели пишува: „По прашањето за нуклеарната програма арогантните сторија се што е во нивна моќ за да го фрлат Иран на колена, но не успеаја во тоа “.

Изразот арогантни или арогантни сили во Иран се користи за САД и нивните западни и ираелски сојузници. Вашингтон ги прекина односите со Техеран по револуцијата во 1979 година, откако во Иран беше воспоставена шиитска теократија.

Иран и шестте светски сили не успеаја вчера да го решат 12-годишниот спор околу нуклеарните амбиции на Техеран и затоа го продолжија рокот на преговорите за уште седум месеци со цел да најдат решение.

Хамнеи во друга порака на Твитер го обвини Западот дека се меша во проблемите на Блискиот Исток, изјавувајќи дека исламските екстремисти ја претворија „Арапската пролет“ во судири меѓу муслиманите „во согласност со целите на арогантните“.

– Коалицијата на чело со САД, која се бори против Исламска држава е флагрантна лага. САД сакаат со со помош на ИД да ја одржуваат во живот војната меѓу муслиманите, нагласи Хамнеи на Твитер.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел