Хамбург се подготвува за големи демонстрации пред Самитот на Г-20

Од:

Полицијата во Хамбург се подготвува за голем протест на антиглобалистите пред самитот Г-20, јави ТАСС.

Денешните протести против Самитот се одржваат под мотото „Г-20: Добре дојдовте во преколот“ и нивните организатори очекуваат на собирот да се вклучат до 10.000 лица, од кои многумина, според полицијата, се подготвени за насилство.

Хамбург ги засили своите полициски сили со единици од другите делови на Германија, подготвувајќи се за средбата, која ќе се одржи утре и задутре. Во градот ќе бидат распоредни 20.000 полицајци, кои ќе се грижат за безбедноста на улиците, на небето и по водените патишта.

Полицијата изјави дека синоќа и во текот на ноќта за време на протестите против Самитот на Г-20 во Хамбург, привремено биле задржани шест лица .

Според органите на редот, во моментов ситуацијата е мирна, но не е јасно дали таква ќе остане и до вечер и во текот на ноќта.

Во текот на изминатата ноќ во пожар во автосалон на „Порше“ во Хамбург изгореа осум автомобили. Според иследниците, на местото на пожарот се пронајдени доволно траги за да се тврди дека станува збор за подметнат пожар, веројатно поврзан со форумот на Г-20.

Во Хамбург денеска треба да пристигне воз со противници на Г-20 од цела Европа, што вчера тргна од Базел. Според податоци на полицијата, на неговите застанувања по пат не биле регистрирани прекршувања на јавниот ред. На границата со Швајцарија на 33 патници не им било дозволено да влезат во Германија. Уште пред тргнувањето на возот полицијата од некои од противниците на Г-20 им одзеде спрејови и заштитни очила.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он