Хамас се закани дека ќе ги погуби заложниците и ќе емитува во живо на Интернет

Од:

Хамас, кој во саботата изврши напад врз Израел, во кој уби и киднапираше цивили и ги однесе во Газа, се закани дека ќе ги погуби заложниците и ќе ја емитува егзекуцијата во живо на Интернет.

Во аудио изјава објавена синоќа, портпаролот на бригадите Касам, кои се дел од военото крило на Хамас, зборуваше за интензивните израелски воздушни напади врз цивилните области на Газа.

„Објавуваме дека секој напад врз нашите луѓе кои се во своите домови, за жал, ќе резултира со егзекуција на цивилни заложници од нашите непријатели“, рече Обеида. Тој додаде дека егзекуциите ќе бидат емитувани „во аудио и видео формат на Интернет“.

Обеида рече дека неговата порака е „предупредување“ откако Израел објави дека започнува „тотална опсада“ на Газа и ја нападна Газа од воздух како одговор на нападот на Хамас врз цивилите во Израел во саботата.

Треба да се напомене и дека денеска Исмаил Ханије, шефот на политичкото крило на Хамас, изјави дека Хамас нема да преговара со Израел за заложниците додека не заврши конфликтот.

„Ги информиравме сите инволвирани страни кои контактираа со нас во врска со непријателските затвореници дека нивната судбина нема да се разговара до крајот на борбите, во тој момент за нивното ослободување ќе се разговара само по плаќање на цена прифатлива за отпорот“, рече Ханије.

Хамас во саботата за време на нападот на југот на Израел киднапираше меѓу 100 и 150 цивили, меѓу кои и голем број жени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 мртви во израелскиот напад на бегалскиот камп Џабалија во Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

ВИДЕО: Израел пукал на позиции на мировниците на ОН во Либан, двајца повредени

ВИДЕО: Израел тврди дека е убиен лидерот на Исламски Џихад во напад на Западниот брег

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски