Хaмас продолжи со ракетен напад врз Израел по примирјето

Од:

Палестинското движење Хамас обнови ракетен оган од Појасот Газа врз Израел по истекувањето на 72-часовното примирје за кое тие не се согласија да продолжи.

Нема извештаи за жртви или штети откако сирени во јужен Израел предупредија за опасност од ракетен напад.

Воен извор потврди дека ПРО уништила една ракета испукана врз израелскиот град Ашкелон.

Портпарол на Хамас потврди дека нема да бидат согласни за продолжување на примирјето бидејќи Израел не прифатил барања на групата за укинување на блокадата врз Газа и отворање на границите.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

Хамас, Хути и Хезболах му изразија сочувство на Иран: Ни беше голем брат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски