Хамас предлага 10 години примирје

Од:

Еден ден откако Израел го прифати египетскиот план за прекин на огнот, а Хамас го одби, исламистичката организација предложи десетгодишно примирје во замена за отстапки, јави Вториот канал на израелската телевизија.

Хамас бара ослободување на палестинските затвореници, да се отвори граничниот премин кон Израел и меѓународен надзор над пристаништето Газа.

Поранешниот израелски пратеник, Арапот Азми Бишара денеска ги претстави условите за катарската телевизија Ал Џезира.

Бишара кој побегна од Израел во 2007 година откако беше обвинет дека го помагал либански Хезболах во војната против израелската армија во 2006 година.

Портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри вчера изјави дека организацијата не го добила официјалниот предлог за прекин на огнот и повтори дека мора да бидат исполнети барањата пред да се положи оружјето.

Военото крило на Хамас, Бригадите на Издан ал Касам го отфрли планот за примирје, истакнувајќи дека нивната борба ќе продолжи и ќе се интензивира.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно