Вооруженото исламистичко движење Хамас утринава соопшти дека погубило петмина Палестинци, од кои двајца поради „соработка“ со Израел.
„Утринава беше извршена смртна казна врз две лица осудени за соработка со окупаторските сили (Израел) и уште тројца за сторени кривични дела“, се наведува во соопштението на Хамас.
Движењето додава дека осудените „претходно се стекнале со целосно право да се бранат пред локалните судови“.
Движењето Хамас е на власт во Појасот Газа последните десетина години.
Извор: МИА