Хамас ослободи 11 заложници: Девет деца и две жени на пат кон израелска територија

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека Хамас ослободи 11 израелски заложници, меѓу кои девет деца и две жени.

„Според информациите од Црвениот крст, 11 израелски заложници се на пат кон израелска територија“, соопшти ИДФ.

Тие беа ослободени на четвртиот ден од прекинот на огнот во Појасот Газа, кој се очекува да биде продолжен за уште два дена.

Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи Маџед ал Ансари го потврди спроведувањето на четвртиот ден од договорот за прекин на огнот, со ослободување на 11 израелски заложници во замена за 33 Палестинци.

Ослободените Израелци 52 дена беа заложници на припадниците на Хамас и Исламски џихад.

Во изјавата, американскиот претседател Џо Бајден го поздрави дводневното примирје меѓу Израел и Хамас.

Сите 11 заложници беа киднапирани од нивните домови во Кибуцот Нир Оз, а татковците на сите деца остануваат затвореници во Газа.

Делегација на египетските безбедносни сили влезе во Појасот Газа за да ги преземе израелските заложници од Црвениот крст, јави египетската ТВ мрежа Ал Каиро.

Би можело да ве интересира

Израел: Пронајдовме тела на пет заложници во Газа

Израелските сили пукаат врз Палестинците во Шеџаја

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on