Хамас: Нетанјаху има злонамерни намери да го попречи договорот

Од:

Палестинската милитантна група Хамас денес соопшти дека ги осудува „злонамерните намери“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој им кажа на семејствата на израелските заложници дека е невозможен договор што би обезбедил ослободување на сите оние што сè уште се држат во Газа.

Во соопштението, Хамас рече дека коментарите „ги потврдуваат злонамерните намери на воениот злосторник Нетанјаху, кој го попречува секој договор што води до ослободување“ на заложниците и „прекин на агресијата“ против палестинскиот народ во Појасот Газа, објави Ал Џезира.

Хамас соопшти дека „понудил да постигне сеопфатен договор за размена“ на заложниците, за време на кој сите заложници би биле ослободени истовремено, „во замена за траен прекин на агресијата, целосно повлекување на окупаторските сили и слободен проток на помош“.

„Сепак, Нетанјаху ја отфрли оваа понуда во тоа време и продолжува да избегнува и да создава повеќе пречки“, се вели во соопштението.

Извор присутен на состанокот на Нетанјаху со семејствата на заложниците во Вашингтон изјави за „Тајмс оф Израел“ дека израелскиот премиер им рекол на семејствата дека Хамас ќе одлучи кои заложници ќе бидат ослободени за време на 60-дневното примирје.

Додека семејствата на заложниците изразија противење на делумниот договор што се преговара, а кој предвидува ослободување на околу половина од заложниците, Нетанјаху, според изворот, тврдел дека сеопфатен договор не е можен, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

За Нетанјаху турскиот претседател Ердоган е „антисемитски диктатор“

А1он

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас

Кушнер до Нетанјаху за Газа: „Самите ја саботирате идејата што ја побаравте“

Нетанјаху одобри реконструкција на дел од Појасот Газа кој не е под контрола на Хамас

Трамп: Заканата од Газа нема да се повтори, постигнат е договор за разоружување

Горан Наумовски