Хамас: Нема да има договор за заложниците додека не заврши војната во Појасот Газа

Од:

Вршителот на должноста шеф на палестинската милитантна група Хамас во Газа, Калил ал Хаја денеска изјави дека нема да има договор со Израел за размена на заложници за палестински затвореници додека не заврши војната во палестинската енклава.

Ал Хаја во интервју за телевизијата Ал Акса рече дека Хамас не сака да ја изгуби предноста што ја има во држење заложници додека не заврши конфликтот со Израел.

Тој го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за недостатокот на напредок во преговорите за примирје во Газа со посредство на Катар, Египет и САД, објави Ројтерс.

„Во тек се контакти со некои земји и посредници за заживување на преговорите. Подготвени сме да ги продолжиме тие напори, но поважно е да видиме дали постои вистинска волја од страна на окупаторите да се стави крај на агресијата“, рече Ал Хаја. .

Тој го предводеше преговарачкиот тим на Хамас во разговорите со посредниците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе