Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

Од:

Висок функционер на Хамас ги повика поддржувачите на групата ширум светот да земат оружје и да се борат против планот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на повеќе од два милиони жители на Газа во соседните земји како Египет и Јордан, пишува Тајмс оф Израел.

– Соочени со овој злобен план – кој комбинира масакри со глад – секој што може да носи оружје, каде било во светот, мора да дејствува, рече Сами Абу Зухри.

Минатиот месец Трамп го објави својот план САД да ја преземат контролата врз Газа и да ја префрлат целата нејзина популација од два милиони луѓе пред да започне со реконструкција на областа разурната од војна за да ја претвори во медитеранско одморалиште.

Оттогаш тој го омекна својот предлог, појаснувајќи дека Палестинците нема да бидат насилно иселени и негирајќи дека планот за релокација ќе значи етничко чистење.

Според извештајот на „Аксиос“, САД во моментов не работат активно на спроведување на планот на Трамп, додека американскиот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф се фокусира на обновување на примирјето и договорот за заложници меѓу Израел и Хамас.

Израел се обиде да ја пополни празнината со водењето разговори со источноафриканските земји како Сомалија и Јужен Судан, како и со Индонезија и други држави, за прифаќање на Палестинците. Сепак, овие разговори досега не дадоа резултати.

Би можело да ве интересира

Ако одбие да ја предаде контролата врз Газа, Хамас ќе биде целосно уништен, се закани Трамп

Катерина Ѓуровски

Не успеа во Портланд, па тргна на Чикаго: Трамп ја испрати националната гарда

Трамп откри како го натерал Нетанјаху да го прифати планот за Газа

ВИДЕО: Хамас да ги предаде сите заложници, примирјето да почне веднаш, Израел не престанува со безмислосното бомбардирање

Израелците го послушаа Трамп: Армијата доби наредба за Газа, нападите се запрени

Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

А1он