Трамп: Израел никогаш не би употребил нуклеарно оружје против Иран

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, им рече на новинарите дека не верува оти Израел би употребил нуклеарно оружје за да ги реши своите проблеми – иако еврејската држава никогаш не признала дека поседува смртоносно оружје.

На прашањето на новинарите за коментарот даден на подкастот од советникот на Трамп, Дејвид Сакс, во кој тој шпекулираше дека Израел би можел да ја ескалира војната и да размисли за употреба на нуклеарно оружје, Трамп рече: „Израел нема да го стори тоа. Израел никогаш не би го сторил тоа“.

Израел со години води политика на намерна двосмисленост за да избегне конфликт околу својата нуклеарна програма. Високи израелски политичари постојано нагласуваат дека Израел нема да биде првата земја на Блискиот Исток што ќе се здобие со нуклеарно оружје. Според проценките на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI), Израел поседува 90 нуклеарни боеви глави.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Трамп и Си можат да го принудат Путин да ја заврши војната

Си: Нуклеарното оружје е меч што виси над човештвото

Трамп, Путин и Си објавија заедничка изјава, се договорија за четири точки

Горан Наумовски

Баро за средбата на Трамп, Путин и Си: „Од тој состанок нема да има ништо“

Си: Мораме да сториме сè за да спречиме нуклеарна војна

Си го предупреди Трамп во врска со Тајван, лидерите разговараа и за вештачката интелигенција