Трамп: Со напаѓањето на Иран, спречивме нуклеарен конфликт и Трета светска војна

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воената акција против Иран е неопходна за да се спречи нуклеарен конфликт што би можел да ескалира во Трета светска војна.

„Доколку не бевме започнале воена акција против Иран, ќе имаше нуклеарна војна што ќе ескалираше во Трета светска војна“, рече Трамп, според Би-Би-Си.

Претседателот на САД повторно го критикуваше нуклеарниот договор со Иран, велејќи дека неговата одлука да го раскине го спречила Техеран да развие нуклеарно оружје.

Трамп додаде дека американските сили му нанеле „голема штета“ на Иран за само две недели операции.

„Она што го направивме беше во интерес на целиот свет“, рече тој.

На прашањето дали војната може да заврши до крајот на неделата, со оглед на тоа што рекол дека иранската војска е „уништена“, Трамп одговори потврдно, а потоа прецизираше дека всушност тоа ќе биде „наскоро“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп збесна на новинар: Тишина, тишина, дали си ти болен

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани