Хамас ги одби условите на Израел за прекин на војната

Од:

Хамас ги отфрли новите услови на Израел во предлогот на американските, катарските и египетските посредници по дводневните преговори во Доха, соопштија денеска неговите двајца лидери.

Новите услови на Израел вклучуваат задржување на своите сили во Појасот Газа долж границата со Египет, изјави претставник на Хамас кој сакаше да остане анонимен.

„Нема да прифатиме ништо помалку од целосен прекин на огнот, целосно повлекување на израелските војници од Појасот Газа и враќање на раселените“, додаде тој.

Хамас не учествува на разговорите во Доха, на кои се собраа египетските и катарските претставници и шефовите на американското и израелското разузнавање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“