Компјутерскиот систем на каталонската Влада во неделата беше цел на голем хакерски напад за време на одржувањето на референдумот за независност, изјави денеска лидерот на овој шпански автономен регион, Артур Мас.
– Се обидоа да ги соборат компјутерските системи на каталонската Влада, истакна Мас, кој нагласи дека станува збор за „организирани компјутерски напади“.
Тој му порача на шпанскиот премиер Мариано Рахој дека е време Мадрид да започне „перманентен дијалог“ со Каталонија.
Според него, „крајната цел на дијалогот би била одржување на дефинитивен и политички обврзувачки референдум“.
– Ова прашање може да се реши само на највисоко политичко ниво, додаде каталонскиот лидер.