Хакери тврдат дека украле податоци за милијарда Кинези

Од:

Хакери тврдат дека поседуваат лични информации од шангајската полиција за околу милијарда кинески граѓани, што според технолошките експерти, доколку е вистина, би било едно од најголемите кражби на податоци во историјата.

Анонимниот интернет корисник, идентификуван како „ChinaDan“, минатата недела објави на хакерскиот форум Breach Forums нудејќи да продаде повеќе од 23 терабајти податоци за 10 биткоини, што е еквивалентно на околу 200.000 долари.

„Во 2022 година протече базата на податоци на националната полиција на Шангај (SHGA). Оваа база на податоци содржи многу ТБ податоци и информации за милијарди кинески граѓани“, се вели во објавата. „Базите на податоци содржат информации за милијарда кинески државјани и неколку милијарди записи за случаи, вклучувајќи: име, адреса, место на раѓање, матичен број, мобилен број, сите детали за криминал/случај“.

Засега западни новински агенции немале увид во податоците за кои се трвди дека се украдени додека полицијата во Шангај нема објавено коментар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски

Руски хакери нападнаа хрватски институции: „Одамна не сме ја посетиле Хрватска“

Предраг Петровиќ

КБЦ Загреб: Не нападнаа хакери, моравме се да исклучиме

Горан Наумовски

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ