Гватемалците избираат претседател меѓу бизнисмен и комичар

Од:

Гласачите во Гватемала денеска гласаат на претседателски избори, на кои треба да се одлучат меѓу десно-центристички определениот бизнисмен Мануел Белдизон и актерот- комичар, Хими Моралес.

Изборите се одржуваат во услови на длабока политичка криза и поделеност на оваа централноамериканска земја, откако минатата недела, досегашниот претседател Ото Перез Молина беше присилен да поднесе оставка.

Молина беше обвинет за корупција и кусо време беше задржан во притвор, по истрагата на специјалниот истражител кој го обвинува Молина дека управувал со тајна шема за одбгенување плаќање царина.

Досегашниот претседател се обвинува дека примал поткуп од бизнисмените, за да не плаќаат царина при увозните зделки, со што државата била оштетена за голем износ милиони долари.

Голем број Гватемалци предлагаа, изборите да се одложат додека не се расчисти ситуацијата со Молина и аферата што неколку месеци ја потресува Гватемала.

Таквите барања беа отфрлени, па на гласачите сега им се сугерира, на гласањето да одат во црнина, симболизирајќи го на тој начин уверувањето дека ниту овие избори нема да помогнат за да се разрешат наталожените состојби во земјата, а пред се, корупцијата која ги има зафатено сите пори од општеството.

Прогнозите на политичките аналитичари велат дека ниту еден од кандидатите нема да ги добие потребните 50 отсто од гласовите, па ќе биде потребен и втор круг, што е закажан за 25 октомври.

Покрај обвинетиот поранешен претседател Молина, пред него, за истите обвинувања за корупција, оставки поднесоа и потпретседателот на државата, како и дестина државни функционнери.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,2 степени во Гватемала

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Гватемала

Горан Наумовски

Камионет падна во провалија во Гватемала, загинаа 17 лица

Ана Ололовска

Гватемала осуди поранешни војници на 30 години затвор поради силување домородни жени

Ана Ололовска

Претседателот на Гватемала воведе вонредна состојба на северот од земјата по насилните протести против рудниците за никел

Ана Ололовска

Во Атина запленија 350 кила кокаин сокриен во вреќи со кафе од Гватемала

Жарко Настоски