Гувернерот на Запорожје ги обвини Русите дека нападнале центар за дистрибуција на помош

Од:

Руските сили нападнаа центар за дистрибуција на помош во центарот на југоисточниот украински град Орихив. Гувернерот на регионот вели дека еден доброволец загинал, а две лица се ранети.

Гувернерот на областа Запорожје, Олександр Старух, не сакаше дополнително да коментира за нападот на Орихив, кој се наоѓа на само 110 километри од нуклеарната централа Запорожје. Нуклеарната централа Запорожје беше цел на напади во последните неколку дена, во кои речиси беа погодени реакторите, а уништен беше и резервоарот за нуклеарен отпад. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за нападите.

„Руските терористи гранатираат центри за дистрибуција на хуманитарна помош и продолжуваат да уценуваат дека ќе ги уништат нуклеарните централи. Ова е очајна тактика на губитниците“, напиша на Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

„Украина на секоја нивна акција одговара со контра-акција“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина