Гутиерес: Европа повеќе не е рај за новинарите

Од:

Генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерес на Светскиот форум за демократија во Стразбур изјави дека Европа повеќе не е „рај“ и безбедна средина за новинарите.

– Во Европа во последните пет години се убиени 24 новинари, 13 се убиени на територија на Европската унија, рече Гутиерес во дебатата на тема „Слобода на говорот и заштита на новинарите“.

Тој додаде дека голем број новинари во моментот се наоѓаат во затвори и дека Турција стана најголем „затвор“ за новинарите во Европа.

Според него, лошите услови довеле до зголемување на самоцензурата кај новинарите.

– Граѓаните ги доживуваат новинарите како чувари на демократијата, но овие чувари се чини дека ги загубија забите … Јас сум многу загрижен, рече Гутиерес.

Тој оцени дека новинарството не е исто како што било пред 20 или 30 години. Како што наведе, медиумите се одговорни за содржината што ја објавуваат, за разлика од новинарството на социјалните мрежи.

– Тоа е пиратско новинарство, рече Гутиерес.

Форумот под наслов „Дали демократијата е загрозена во времето на информациите“ се одржува од 6 до 8 ноември под покровителство на Советот на Европа.

На форумот присуствуваат претставници на медиумите, активисти и политички лидери од целиот свет.

Светскиот форум за демократија во Стразбур е единствена платформа за носителите на одлуки и активисти кои имаат можност да разговараат за клучните предизвици за демократиите ширум светот. Ова е осми по ред форум.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски