Генералниoт секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предлага до октомври да прекине мировната мисија на Хаити и да се замени со мало присуство на ОН.
Предлогот да се прекине со мисијата за стабилизација на Хаити која почна пред 13 години е донесен пред планот на САД да се намали драстично буџетот во ОН.
Гутереш во извештај испратен до СБ на ОН наведува дека сите 2.370 војници во мисијата треба да бидат повлечени до 15 октомври 2017 година.
За новата мисија би биле одбрани 295 војници од вкупно 1.001 полицаец кои моментно се во мисијата, а цивилните претставници исто така би биле многу намалени. СБ на ОН ќе одлучи за тоа во следниот месец.