Гутереш почна глобален акциски план за човековите права

Од:

Генералниот секретар ја Обединетите нации, Антонио Гутереш, го претстави глобалниот акциски план во врска со правата на човекот, истакнувајќи дека светските влади мораат човековите права да ги стават во центарот на своето работење доколку сакаат да обезбедат стабилност, раст и иднина за планетата, пренесе Хина.

Гутереш го промовира планот бидејќи „човековите права се нападнати“, потврдено е на отворањето на седницата на Советот за човекови права на ОН во Женева.

Тој додаде дека на светот, освен воените злосторства, искористувањето на жените и прогон на активистите и малцинствата, му се закануваат и нови предизвици за човековите права во форма на климатските промени и напредокот на технологијата.

-Луѓето се исклучени. Растат стравувањата. Поделбите се зголемуваат, смета Гутереш и предупредува дека некои лидери ги искористуваат овие стравувања.

„Луѓето ширум светот сакаат да знаат дека сме на нивната страна“, заклучи Гутереш претставувајќи го својот план, што се состои од неколку точки.

Во него се наведува дека владите треба човековите права да ги стават во центарот на своите иницијативи за економки развој за сите делови на општеството да ја почуствуваат користа од растот. Кажа и дека државите, исто така, треба подобро да ги штитат правата во времињата на криза, како војни, терористички напади и катастрофи.

Тој побара и жените, граѓанското општество и организациите на младите да добијат поголема улога во политичкиот живот.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство