Гутереш побара независна истрага за судирите во Појасот Газа

Од:

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш побара независна истрага за смртоносниот судир на границата на Појасот Газа помеѓу Палестинците и израелската армија, при што загинаа најмалку 17 луѓе, а 1.400 се повредени.

Членовите на Советот за безбедност апелираа на воздржаност од двете страни.

Но, СБ на ОН не постигнаа договор за некаква акција, ниту е издадена заедничка порака од синоќешниот вонреден состанок, одржан на иницијатива на Кувајт.

Илјадници Палестинци вчера го почнаа шестнеделен протест под шатори долж границата со Израел со барање да им се дозволи на палестинските бегалци да се вратат во Израел. Тие поставија десетици шатори на пет локации долж границата.

Организатор на протестите е Хамас. Првиот ден од протестите се совпадна со „Денот на земјата“ кога Палестинците им оддаваат почит на шестмина невооружени Палестинци, кои беа убиени во судир со израелските сили за време на демонстрации против конфискувањето земјиште на 30 март 1976 година.

Според израелската армија Палестинците ги нападнале припадниците на израелската армија, распоредени долж границата, со запалени гуми и камења, а израелските војници возвратија со солзавец и огнено оружје.

Лидерот на военото крило на Хамас во Појасот Газа, Јахија Синвар изјави дека Израел треба да го почитува барањето на десетици илјади Палестинци, кои демонстрираат за правото на враќање во своите домови во Израел, кои ги напуштија по создавањето на еврејската држава во 1948 година.

– Маршот за враќање ќе продолжи. Нема да престанеме додека не се отстрани границата (помеѓу Газа и израел), најави Синвар.

Палестинскиот претсатвник во ОН, Ријад Мансур изјави дека во вчерашните судири во пограничниот дела на Појасот Газа, израелската армија убила 17 луѓе, меѓу кои и деца под 16 години. Тој операцијата на израелската армија ја нарече „масакр“ над палестинскиот народ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници

ВИДЕО: Раселените Палестинци масовно се враќаат во домовите на северот на Газа

ВИДЕО: Израелските затворенички му се заблагодарија на Хамас за добриот третман

А1он