Гутереш: Мораме да им покажеме на луѓето дека се грижиме за нив

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави денеска дека противниците на глобализмот не треба да бидат означени само како „националисти или популисти или нешто друго“, нагласувајќи дека „мораме да им покажеме на луѓето дека се грижиме за нив“.

Тој упати порака за вклучување на оние кои се наоѓаат во „зарѓавени појаси” ширум светот, велејќи дека неизвесноста во поглед на изгубените работни места и средствата за живот бара повеќе внимание.

– Многу години политичките институции и меѓународните организации дозволуваа овие луѓе да бидат препуштени сами на себе. Мораме да ги разбереме нивните „жалби“ и „основни причини“ за нивното противење на мултилатерализмот што го заговараат Обединетите нации, рече Гутереш и додаде дека не е доволно „да се осудат тие кои не се согласуваат“ со мултилатерализмот.

Според медиумите, неговите коментари на Светскиот економски форум во Давос беа последен обид да се одговори на популистичкото, националистичко расположение во многу делови на светот, кои фрлија сенка на мултилатералното или глобалното движење во последните неколку години.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Гутереш: Убиството на повеќе од 100 Палестинци во Газа бара ефективна независна истрага

Шефот на ОН: Палестинската агенција за бегалци е столбот на хуманитарниот одговор во Газа

Гутереш: Правото на Палестинците да градат сопствена држава мора да биде признаено од сите

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он