Новиот коронавирус успеа да се прошири низ целиот свет, бидејќи земјите не беа обединети во борбата против него, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
– Видовме одредена солидарност, но многу малку единство во нашиот одговор на Ковид-19, истакна Гутереш на почетокот на годишната сесија на Светската здравствена организација(СЗО).
Бидејќи многу земји ги игнорираа препораките на СЗО, вирусот се шири низ целиот свет и сега се движи кон југ, каде неговото влијание би можело да биде уште по катастрофално, додава Гутереш.
Во видео порака, Гутереш ги повика земјите да ги зголемат издвојувањата за СЗО, така што агенцијата на ОН би можела да ги поддржува земјите во развој.
– Се надевам дека потрагата по вакцина ќе биде почетна точка, додава Гутереш.
Дводневната сесија ќе биде посветена на борбата против новиот коронавирус, од кој досега починаа над 315.000 луѓе ширум светот и заразени се 4.730.000 луѓе.