Гутереш: Малку веројатно е дека ќе се одржи годишниот Самит на ОН

Од:

Поради пандемијата на коронавирус „малку веројатно“ е дека светските лидери и илјадници други учесници ќе можат да пристигнат во Њујорк во септември за годишното Генерално собрание на ООН, изјави генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш.

Во интервју за француското неделно списание „Paris-Match“, кое ќе биде објавено денеска, шефот на ОН рече дека се разгледуваат можни „разни алтернативи“ преку дигиталните технологии, што ќе им ги претстави на земјите-членки.

Неколку претставници на ОН веќе предвидоа дека состанокот ќе се одржи преку видео конференција, особено затоа што годинава се одбележува 75-годишнината од основањето на Светската организација.

Од средината на март, поради пандемијата и мерките за блокада во Њујорк – епицентарот на епидемијата во САД, вработените во ОН и дипломатите работат од дома.

Технички, зградата на седиштето на ОН останува отворена, но многу малку луѓе работат таму, и Советот за безбедност и Генералното собрание се среќаваат преку видео конференција. Овие услови за работа ќе продолжат најмалку до крајот на јуни.

Почетокот на годишното Генерално собрание е закажан за 15 септември, а на сесијата се очекуваат говори на десетици светски лидери.

Средбата, најголемата годишна дипломатска средба во светот, вклучува стотици настани на маргините во Њујорк, како и илјадници билатерални и мултилатерални состаноци. Таа никогаш не била откажана од основањето на Обединетите нации во 1945 година.

Средбата на Генералното собрание била одложена двапати – по нападите на 11 септември 2001 година во Њујорк и во 1964 година поради финансиската криза во организацијата, но и поради тоа што неколку членки беа соочени со можноста за губење на правото на глас.

Но, смртта на тогашниот генерален секретар на ООН, Даг Хамаршелд, на 18.септември 1961 година, кој загина во авионска несреќа во северна Родезија (сега Замбија) – не доведе до одложување на годишната сесија.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство